13 знаци дека ја пронајдовте сродната душа

 Не можете, а да не го/ја сакате дури и во „најнеславните“ мигови кога прави глупави шеги или спие со отворена уста.


Дали сте во љубовна врска? Сметате ли дека вашиот партнер ви е сродна душа?

Проверете колку од овие работи се вистина за вас...

Знаци дека сте ја пронашле сродната душа:

- Одлично се забавувате и кога купувате намирници, одите во аптека, плаќате сметки и ја чистите куќата.

- Уживате дури кога ќе си порачате пица за носење и ја јадете дома на кревет.

- Не можете, а да не го/ја сакате дури и во „најнеславните“ мигови кога прави глупави шеги или спие со отворена уста.

- Убаво ви е кога сте во друштво на други луѓе, но подеднакво убаво ви е и кога сте сами.

- Неговото/нејзиното внимание ви е поубав подарок од која и да е материјална работа.

- Не се двоумите дали токму од него/неа да побарате помош кога сте во неволја.



- Се разбирате дури и само со поглед, но си имате и ваши зборчиња и изрази кои никој друг не ги разбира.

- Тој/таа е тука да ве охрабри секогаш кога сте на дното, но искрено да ви посочи кога грешите.

- Можете отворено да разговарате со него/неа за сè, па дури и за физичките недостатоци.

- Кога ќе се разболите знаете дека имате кој да се грижи за вас и се чувствувате сигурно.

- Кога сте заедно сте комплетно опуштени, не се оптоварувате како атмосферата да ја направите позабавна.

- Не правите сами нешто кое вашиот партнер го обожава – тоа ви дава чувство како да сте го издале (на пример гледање на неговата омилена серија без него).

- Со него/неа се смеете до солзи во најнеобичните ситуации.


Comments